Поранешниот турски голман репрезентативец Рушту Речбер го победи коронавирусот

Сопругата на Рушту Речбер, Ишил Речбер, во објавата што ја сподели на својот профил на Инстаграм напиша: „Фала му на бога резултатите од тетот на Речбер се негативни“ и ја соопшти радосната вест дека нејзиниот сопруг е излекуван од Ковид-19

1395912
Поранешниот турски голман репрезентативец Рушту Речбер го победи коронавирусот

Поранешниот турски голман репрезентативец и актуелен координатор за развој на фудбалот при Фудбалската федерација на Турција Рушту Речбер кој беше заразен од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и се наоѓаше на лекување во болница ја победи болеста. 

Последните направени тестови на Речбер беа негативни на Ковид-19.

Сопругата на Рушту Речбер, Ишил Речбер, во објавата што ја сподели на својот профил на Инстаграм напиша: „Фала му на бога резултатите од тестот на Речбер се негативни.“

Велејќи дека пациентите кои го завршуваат лекувањето и оздравуваат можат да им помагаат на другите заболени со методот на имунолошка крвна плазма, Ишил Речбер го истакна следното: „Кај заболените чие лекување завршува телото добива имунитет против вирусот и се формираат антитела против вирусот во крвта. Заедно со тоа што веќе не се заразни (преносливи) за никого, спротивно на тоа со крвта на излечените заболени лица им се обезбедува лечење на болните на интензивна нега.“

Привлекувајќи внимание дека протоколот за лекување на Министерството за здравство е многу добар, Ишил Речбер го додаде следното: „Кој и да сте, во која болница и да сте, нашето Министерство за здравство има официјален и многу добар протокол за лекување.“ 

 



Слични вести