УЕФА не планира да ги промени градовите домаќини на одложеното првенството ЕУРО 2020

Фактот дека меѓу земјите домаќини на првенството ЕУРО 2020 се наоѓаат Италија и Шпанија, кои најмногу се погодени од Ковид-19, предзвика низа прашања и дискусии

1395255
УЕФА не планира да ги промени градовите домаќини на одложеното првенството ЕУРО 2020

Унијата на Европските Фудбалски Асоцијации (УЕФА) не планира да ги промени градовите домаќини на Европското фудбалско првенсво ЕУРО 2020 кое беше одложено на период од една година поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Висок претставник на УЕФА во интервјуто за британски „Скај спортс“ рече дека не се размислува за никакви промени на градовите во кои ќе се одржат натпреварите на првенството во 12 различни држави на Европа.

Фактот дека меѓу земјите домаќини на првенството ЕУРО 2020 се наоѓаат Италија и Шпанија, кои најмногу се погодени од Ковид-19, предзвика низа прашања и дискусии.

Инаку УЕФА, првенството кое се планираше да се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 го одложи за една година и тоа од 11 јуни до 11 јули 2021.



Слични вести