Европското кошаркарско првенство 2021 одложено за 1-18 септември 2022 година

Во објавеното соопштение од ФИБА се истакнува дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се направени измени во кошаркарскиот календар и дека според тоа Евробаскетот 2021 е одложен за 1-18 септември 2022 година

1395132
Европското кошаркарско првенство 2021 одложено за 1-18 септември 2022 година

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) соопшти дека Европското кошаркарско првенство (Евробаскет) 2021 е одложено за 1-18 септември 2022 година.

Во објавеното соопштение од Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) се истакнува дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се направени измени во кошаркарскиот календар.

Соопштено е дека Европското кошаркарско првенство 2021 за кое се планираше да се одржи во периодот 2-19 септември е одложено за 1-18 септември 2022 година, Олимписките квалификации ФИБА за 22 јуни-4 јули 2021 година, турнирот АмериКуп 2021 за 1-18 септември 2022 година, Афробаскет 2021 за 24 август-5 септември 2021 година, Азија Куп 2021 за 17-29 август 2021 година, Европското кошаркарско првенство за жени 2021 за 17-27 јуни 2021 и АмериКуп за жени 2021 за 20-27 јуни 2021 година.

Освен тоа е соопштено дека нема било каква промена во датумите на квалификациите за Светскиот куп ФИБА 2023.

Во објавеното соопштение им се одделува место и на следните зборови на генералниот секретар на ФИБА Андреас Загклис: „Многу сум радосен поради тоа што ФИБА водејќи еден брз процес на советување во овој тежок период го одобри ажурираниот календар.“

Освен тоа се додава дека за да би започнале повторно суспендираните организации поради коронавирусот ќе продолжат да се следат дневно случувањата во врска со епидемијата.



Слични вести