Мурињо ја прифати грешката

Прифаќам дека моето однесување не беше во согласност со државниот протокол. Треба да имаме контакт само со семејството.

1394407
Мурињо ја прифати грешката

Техничкиот директор на британскиот фудбалски клуб Тотенхем во Премиер лигата, Хозе Мурињо ја прифати грешката поради одржувањето на тренингот со играчите во еден парк и не се придржуваше на мерките кои што беа донесени во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Во интервјуто за британските медиуми, португалскиот технички директор рече: „Прифаќам дека моето однесување не беше во согласност со државниот протокол. Треба да имаме контакт само со семејството.“

Мурињо потенцираше дека сите граѓани треба да ги почитуваат препораките на владата и додаде дека „треба да ги поддржуваме здравствените работници и сите посебно да направиме се што е во наша можност за да спасиме повеќе животи“.

Пред одреден период Мурињо во еден парк во Лондон беше снимен како тренира со заедно играчите Давинсон Санчез, Таннгуј Ндомбеле и Рајан Сесењон.



Слични вести