Претседателот на ФИФА Инфантино: Ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот

Претседателот на ФИФА Џиани Инфантино рече дека не знаат (не е познато) кога ќе започнат натпреварите, но напомена дека фудбалот не е поважен од човечкиот живот

1390484
Претседателот на ФИФА Инфантино: Ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации (ФИФА) Џиани Инфантино привлече внимание на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и истакна дека светот се соочува со една нова закана. 

Инфантино рече дека не знаат (не е познато) кога ќе започнат натпреварите, но напомена дека фудбалот не е поважен од човечкиот живот.

Велејќи дека фудбалската заедница треба да делува екипно, Инфантино рече: „Сите ние сакаме повторно да започнеме со фудбалот, меѓутоа не знаеме кога ќе се случи тоа. Здравјето доаѓа пред сѐ и тоа треба да биде нашиот приоритет се додека ја победиме болеста.“

Претседателот на ФИФА Џиани Инфантино рече дека ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот и додаде дека верува оти ќе се изнајде решение за календарот на меѓународните натпревари.



Слични вести