Остра реакција од Дрогба: Африка не е ваша лабораторија за тестирање

Поранешниот светски познат фудбалер на Брегот на Слоновата Коска Дидиер Дрогба покажа реакција против изјавите коишто беа дадени на еден француски телевизиски канал околу тоа дека „вакцината против коронавирусот би можела прво да се тестира во Африка“

1390582
Остра реакција од Дрогба: Африка не е ваша лабораторија за тестирање

Поранешниот светски познат фудбалер на Брегот на Слоновата Коска Дидиер Дрогба во соопштението коешто го објави на својот профил преку социјалната медија покажа реакција против изјавите на еден француски телевизиски канал околу тоа дека „вакцината против коронавирусот би можела прво да се тестира во Африка“.

Дрогба нагласи дека овие изјави се неприфатливи и го напиша следното: „Африка не е ваша лабораторија за тестирање. Жестоко ги осудувам овие понижувачки и расистички изјави.“

Велејќи дека „е одвратно Африканците да се сметаат како свињи за тестирање“, Дрогба истакна дека африканските лидери треба да ги одбранат своите граѓани.



Слични вести