Олимписките игри Токио 2020 ќе се одржат од 23 јули до 3 август 2021 година

Олимписките игри 2020 кои поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа одложени за наредната година ќе се одржат од 23 јули до 3 август 2021 година

1387488
Олимписките игри Токио 2020 ќе се одржат од 23 јули до 3 август 2021 година

Олимписките игри Токио 2020 планирани за оваа година поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа одложени за наредната 2021 година.

Одлуката за одложување беше донесена од страна на јапонските надлежни функционери кои разговараа со Олимпискиот комитет, а потоа беше соопштена од страна на јапонскиот премиер Шинзо Абе. 

Претходно Олимписките игри беа откажани и за време на Првата и Втората светска војна, меѓутоа во 124 годишната историја на организацијата, Олимписките игри се одложени за прв пат.

По оваа донесена одлука погледите се свртеа кон прашањето кога ќе се одржат Олимписките игри.

Јапонската државна телевизија "NHK" соопшти дека на крајот на разговорите е познат датумот на одржување на Олимписките игри.

Според тоа, Олимписките игри за кои се планираше да се одржат оваа (2020) година од 24 јули до 9 август, ќе се одржат наредната 2021 година со тоашто датумот е поместен за еден ден на назад. 

Така одложените Олимписки игри Токио 2020 ќе се одржат наредната (2021) година од 23 јули до 3 август.

 



Слични вести