Мерцедес фрли значаен чекор во борбата против Ковид-19

Мерцедес располага со капацитет на дневно производство од најмалку илјада апарати за дишење

1387615
Мерцедес фрли значаен чекор во борбата против Ковид-19

Компанијата Мерцедес која има своја екипа во трките Формула 1, фрли значаен чекор во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Имено германската екипа во заедничка соработка со британските истражувачи на Лондонскиот универзитет развија еден нов апарат за дишење (респиратор).

Со овој апарат се планира намалување на товарот на одделенијата и клиниките на интензивна нега.

Според соопштението кое беше објавено од страна на компанијата, новиот апарат беше развиен и усовршен врз основа на постоечкиот.

Апаратот обезбедува директен пристап на кислородот до белите дробови на пациентите без дополнителни постапки.

Фирмата соопшти дека со дистрибуцијата на новите апарати за дишење ќе започна најдоцна во рок од една недела.

Според веста на медиумската куќа БиБиСи, Мерцедес располага со капацитет на дневно производство од најмалку илјада апарати за дишење за чие производство доби дозвола.



Слични вести