Повик од Кристијано Роналдо до луѓето да останат дома во борбата против Ковид-19

Светски познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо во испратената порака на својот профил преку социјалната медија соопшти дека неговата мајка ја преброди болеста и е излекувана и ги повика луѓето да останат дома

1387119
Повик од Кристијано Роналдо до луѓето да останат дома во борбата против Ковид-19

Светски познатиот португалски фудбалер кој игра за италијанската екипа Јувентус Кристијано Роналдо, во рамките на мерките за борба против новиот тип коронавирус „Ковид-19“ го упати повикот „Останете дома“.

Роналдо во испратената порака на својот профил преку социјалната медија соопшти дека неговата мајка ја преброди болеста и е излекувана и ги повика луѓето да останат дома.

Кристијано Роналдо во порака ја сподели сликаната фотографија со својата мајка и со своите сестри и го напиша следното: „Многу сум благодарен што мајка ми е здрава и се наоѓа дома. Грижете се добро за вашето семејство и за вашите сакани. Останете дома, спасете живот.“

Кристијано Роналдо, по одиграниот меч на 8 март на кој неговата екипа Јувентус го победи Интер со 2:0, замина на островот Мадеира во југозападна Португалија за да ја посети неговата мајка Марија Долорес Авеиро за која беше наведено дека доживеала мозочен удар и дека нејзиниот живот е во опасност, а потоа поради епидемијата на коронавирусот не се врати во Италија.



Слични вести