Техничкиот директор на Галатасарај Фатих Терим со позитивен тест на коронавирусот

66 годишниот технички директор на фудбалскиот клуб Галатасарај Фатих Терим преку социјалните медиуми соопшти дека е тестиран на новиот тип коронавирус и дека тестот е позитивен и се наоѓа во изолација во болница

1383776
Техничкиот директор на Галатасарај Фатих Терим со позитивен тест на коронавирусот

По веста дека е утврден вирус на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кај вториот претседател на клубот Галатасарај Абдуррахим Албајрак, е соопштено дека бил позитивен тестот и на техничкиот директор на фудбалскиот клуб Фатих Терим.

Искусниот и познат технички директор на Галатасарај Фатих Терим веста којашто ги растажи љубителите на спортот ја соопшти преку социјалните медиуми.

Фатих Терим во својата објава напиша: „Според резултатите од тестот којшто го направив денеска, добив позитивен тест. Јас сум во сигурни раце во болница. Не грижете се. Ќе се слушнеме во најскоро време...“

Тестовите на помошниците на техничкиот директор Фатих Терим, на Умит Давала и на Хасан Шаш пак, беа негативни на коронавирусот.

 



Слични вести