Олимписките игри Токио 2020 поради коронавирусот одложени за 2021 година

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (IOC)Томас Бах и јапонскиот премиер Шинзо Абе во согласност со информациите добиени од Светската здравствена организација (СЗО) донесоа одлука Олимписките игри Токио 2020 да бидат одложени за 2021 година

1384309
Олимписките игри Токио 2020 поради коронавирусот одложени за 2021 година

Меѓународниот олимписки комитет (IOC) соопшти дека Олимписките игри Токио 2020, закажани од 24 јули до 9 август се одложени поради новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во објавата на веб-страницата на Меѓународниот олимписки комитет (IOC) беше објавено дека претседателот на комитетот Томас Бах и јапонскиот премиер Шинзо Абе, на одржаниот состанок преку видеоконференција во согласност со информациите добиени од Светската здравствена организација (СЗО) донесоа одлука Олимписките игри да бидат одложени за 2021 година.

Исто така се одложени и Параолимписките игри 2020 година коишто беа планирани да се одржат во Токио од 25 август до 6 септември.

Соопштено е дека олимпискиот оган ќе остане во Јапонија сè додека не се одржат игрите.

Беше истакнато и дека имињата на Олимписките игри ќе останат исти, односно Олимписки игри Токио 2020 и Параолимписки игри Токио 2020.

Инаку, Олимписките игри коишто се одржуваат од 1896 година, со исклучок во годините на Првата и Втората светска војна, се одложени за прв пат во досегашната историја.



Слични вести