Поради коронавирусот одложени лигите во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет во Турција

Министерот Касапоглу одржа состанок со претседателите на фудбалската, кошаркарската, одбојкарската и ракометарската федерација и на Сојузот на клубовите, по што рече: „Заедно со фудбалската Супер лига се одложени и лигите во кошарка, одбојка и ракомет“

1381469
Поради коронавирусот одложени лигите во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет во Турција

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу соопшти дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одложени лигите во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет во Турција.

Министерот Касапоглу одржа состанок со претседателите на фудбалската, кошаркарската, одбојкарската и ракометарската федерација и на Сојузот на клубовите.

По средбата министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу ги соопшти донесените одлуки во врска со што рече: „Заедно со фудбалската Супер лига се одложени и лигите во кошарка, одбојка и ракомет.“

 



Слични вести