УЕФА го одложи Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020

Одлуката во врска со датумот на одржувањето на натпреварите ќе се донесе зависно од текот на епидемијата

1379908
УЕФА го одложи Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020

Унијата на Европските фудбалски асоцијации (УЕФА) го одложи Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020 за една година.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Норвешката фудбалска федерација на нејзиниот официјален профил на твитер беше истакнато дека УЕФА, Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 го одложи на период од една година и турнирот ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година.

Врз база на случувањата во врска со новиот тип на коронавирусот, УЕФА денес одржа телеконференција на претставниците на земјите членки на федерацијата.

На состанокот на УЕФА беа разгледани двата турнири на ниво на клубови: како и иднината на Лигата на шампионите и Европската лига.

На состанокот беше усвоена одлука двата турнири привремено да се одложат.

Одлуката во врска со датумот на одржувањето на натпреварите ќе се донесе зависно од текот на епидемијата.



Слични вести