Дали ќе се откаже или одложи ЕВРО 2020?

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина во дадената изјава за „Corriere dello Sport“,з го рече следното: „Одржувањето на Европското фудбалско првенство 2020 ќе претставува стратешка грешка“

1378814
Дали ќе се откаже или одложи ЕВРО 2020?

Продолжува заканата од новиот тип коронавирус (Ковид-19)...

Натпреварите во водечките фудбалски лиги на Европа се откажани.

Прашање коешто буди најголемо интересирање кај љубителите на фудбалот пак, е дали поради коронавирусот ќе се откаже или пак ќе се одложи Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) за кое се планира да се одржи од 2 јуни до 12 јули.

Во врска со ова прашање пристигна изјава од Фудбалската федерација на Италија, а која привлече внимание.

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина истакна дека организацијата, т.е. ЕВРО 2020 треба да се одложи.

Гравина во дадената изјава за „Corriere dello Sport“, едниот од водечките спортски весници на Италија, го рече следното: „Одржувањето на Европското фудбалско првенство 2020 ќе претставува стратешка грешка.“

Велејќи дека лично верува оти од состанокот на УЕФА што ќе се одржи на почетокот на неделата ќе произлезе одлука за одложување, претседателот на Фудбалската федерација на Италија Габриеле Гравина го рече следното: „Договорите на многумина фудбалери и технички директори ќе истечат на 30 јуни. Лигите треба да бидат завршени дотогаш. За Серија А од која останаа 13 недели е потребно време од 45 до 60 дена.“



Слични вести