Подготвителниот натпревар меѓу Турција и Словенија ќе се одигра без публика

Сите спортски манифестации со над 500 гледачи, вклучувајќи го и Првенството во алпските дисциплини кои ќе се одржат без публика

1376378
Подготвителниот натпревар меѓу Турција и Словенија ќе се одигра без публика

Во рамките на превентивните мерки во борбата против коронавирусот (Ковид-19) подготвителниот натпревар меѓу Турција и Словенија планиран за 27 март, ќе се одигра без публика.

Бројот на случаи на заразени пациенти од коронавирус се зголеми на 31, поради што Владата презеде низа дополнителни превентивни мерки за спречување на ширењето на епидемијата.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Словенија беше истакнато дека сите спортски манифестации со над 500 гледачи, вклучувајќи го и Првенството во алпските дисциплини кои ќе се одржат без публика. Освен тоа владата донесе одлука спортските активности во затворени простории да бидат ограничени со 100 лица.



Слични вести