Цеферин: И покрај грижите поради коронавирусот ЕВРО 2020 ќе се одржи според планираното

Претседателот на УЕФА Александар Цеферин рече дека УЕФА го оценува за сериозен проблемот со коронавурусот, меѓутоа информира дека актуелната состојба не претставува закана за ЕВРО 2020 кој ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули, а чиј домаќин ќе бидат 12 земји

1373239
Цеферин: И покрај грижите поради коронавирусот ЕВРО 2020 ќе се одржи според планираното

Претседателот на УЕФА (Европската фудбалска асоцијација) Александар Цеферин истакна дека и покрај растечките здравствени грижи поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕВРО 2020) ќе се организира според планираното.

Цеферин рече дека УЕФА го оценува за сериозен проблемот со коронавурусот, меѓутоа информира дека актуелната состојба не претставува закана за ЕВРО 2020 кој ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули, а чиј домаќин ќе бидат 12 земји.

Велејќи дека случувањата се разгледуваат и проценуваат ладнокрвно без да се западне во паника, Цеферин рече: „Коронавирусот е прашање коешто треба да го надминеме (пребродиме). Јас сум оптимист. Мислам дека состојбата ќе биде ставена под контрола пред да започне ЕВРО 2020. Затоа и не сум загрижен. Во моментов се е под наша контрола.“

Инаку, Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕВРО 2020) ќе стартува на 12 јуни со мечот што ќе се одигра во Рим помеѓу репрезентациите на Турција и Италија.



Слични вести