Турските кревачи на тегови на меѓународниот турнир во Узбекистан досега освоија 17 медали

На крајот од вториот ден на 6. Меѓународен куп за солидарност ISSF којшто продолжува во Узбекистан турските репрезентативци кревачи на тегови освоија вкупно 17 медали од кои 7 златни, 8 сребрени и 2 бронзени

Турските кревачи на тегови на меѓународниот турнир во Узбекистан досега освоија 17 медали
2020_SUBAT_madalya.jpg

Турскиот репрезентативец кревач на тегови Данијар Исмајилов на 6. Меѓународен куп за солидарност ISSF во Узбекистан освои 3 златни медали.

Во Узбекистан продолжува 6. Меѓународен куп за солидарност ISSF кој започна на 8 февруари и ќе заврши на 12 февруари.

Организацијата којашто се одржува во главниот град на Узбекистан, Ташкент, им дава поени на спортистите за квотата за Олимписките игри 2020 во Токио.

На вториот ден на купот во машка конкуренција, кревачот на тегови Данијар Исмајилов кој настапува за Турција во категоријата до 73 килограми освои 3 златни медали.

Данијар Исмајилов во дисциплината трзај подигна 157 килограми, во исфрлување 187 килограми и со вкупно подигнати 344 килограми се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Во женска конкуренција пак, во категоријата до 64 килограми настапи турската кревачка на тегови Берфин Алтун која во дисциплината трзај подигна 91 килограми и освои сребрен медал, а со дисциплината исфрлување со подиганти 118 килограми освои златен медал. Берфин освои златен медал и со вкупно подигнати 209 килограми.

Во машка конкуренција, турскиот кревач на тегови Ферди Хардал во категоријата до 67 килограми во дисциплината трзај подигна 126 килограми, во исфрлување 160 килограми и во вкупно 286 килограми со што освои 3 сребрени медали.

На тој начин на крајот од вториот ден од купот, турските репрезентативци кревачи на тегови своија вкупно 17 медали од кои 7 златни, 8 сребрени и 2 бронзени.



Слични вести