Познати противниците на турските одбојкарки на Олимписките игри 2020 во Токио

Турција, на Олимписките игри 2020 во Токио ќе води борба во Групата „Б“ со Кина, САД, Русија, Италија и Аргентина

1351139
Познати противниците на турските одбојкарки на Олимписките игри 2020 во Токио

Познати се противниците на турската женска одбојкарска репрезентација на Олимписките игри 2020 во Токио.

Според објавеното соопштение од Меѓународната одбојкарска федерација, турската женска одбојкарска репрезентација „Султанките на мрежата“ кои со учество на олимписките игри во својата историја по втор пат фрлија потпис на значаен успех, ќе се натпреваруваат во Групата „Б“ со Кина, САД, Русија, Италија и Аргентина.

Во Групата „А“ пак ќе водат борба Јапонија, Србија, Бразил, Јужна Кореја, Доминиканската Република и Кенија.

Репрезентациите кои по одиграните групни натпревари ќе се пласираат на првите 4 места ќе се пласираат во четвртфиналето.

Олимписките игри 2020 ќе се одржат во периодот од 24 јули до 9 август во главниот град на Јапонија, Токио.



Слични вести