Порака со сочувство од претседателот Ердоган по повод смртта на кошаркарската легенда Коби Брајант

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави порака со сочувство по повод смртта на кошаркарската легенда Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа

1348720
Порака со сочувство од претседателот Ердоган по повод смртта на кошаркарската легенда Коби Брајант

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава на англиски јазик во која го изрази своето сочувство до семејството и саканите на легендарниот кошаркар на американската професионална кошаркарска лига „НБА“ Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа.

Претседателот Ердоган во својата објава напиша: „Чувствувам длабоко жалење поради смртта на легенадарниот Коби Брајант кој овозможи безброј спортисти да ја засакаат кошарката. Како љубител на кошарката и како претседател на Турција го доставувам моето длабоко жалење и го изразувам моето сочувство до неговото семејство и до неговите сакани.“

Светски познатиот американски кошаркар на „НБА“, кошаркарската легенда 41-годишниот Коби Брајант загина во хеликоптерската несреќа што се случи вчера во градот Калабасас во близина на Лос Анџелес, во сојузната држава Калифорнија во Соединетите Американски Држави (САД).

Како што беше соопштено, во хеликоптерската несреќа заедно со Коби Брајант загинаа и неговата 13 годишна ќерка Џијана и уште 7 други лица.

 

 



Слични вести