Ѓоковиќ противник на Федерер во полуфиналето на Австралија опен 2020

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Грен слем турнирот Австралија опен 2020 ќе игра против швајцарскиот тенисер Роџер Федерер

1349093
Ѓоковиќ противник на Федерер во полуфиналето на Австралија опен 2020

Вториот рекет во светот и воедно бранител на трофејот, српскиот тенисер Новак Ѓoковиќ, во рамките на првиот Грен слем турнир во сезоната Австралија опен 2020 го победи 32. рекет во светот канаѓанецот Милош Раониќ со 3:0 во сетови.

9-от ден на турнирот во Мелбурн заврши со четвртфиналниот меч што се одигра помеѓу Ѓоковиќ кој со 7 шампионски титули е машки тенисер кој досега го има освоено најмногу Австралија опен во поединечна конкуренција и Раониќ полуфиналистот во 2016 година.

На мечот кој траеше 2 часа 49 минути седумкратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ го совлада својот противник Раониќ во три сета со 6:4, 6:3 и 7:6.

Ѓоковиќ во полуфиналето го очекува вистински класик, дуел со третиот рекет во светот и шесткратен победник на Австралија опен Роџер Федерер.

Швајцарскиот тенистер Роџер Федерер во четвртфиналето го победи 100-рангираниот Американец Тенис Сандгрен со 3:2 во сетови и се пласира во полуфиналето.

Полуфиналниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ  и Роџер Федерер ќе се одигра на 30 јануари, во четврток.



Слични вести