Познатиот „НБА“ кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Потврдено е дека Коби Брајант, едниот од легендарните кошаркари на американската професионална кошаркарска лига „НБА“ го загуби животот во хеликоптерска несреќа утрово во градот Калабасас, во близина на Лос Анџелес, во сојузната држава Калифорнија во САД

1348003
Познатиот „НБА“ кошаркар Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Светски познатиот американски кошаркар во американската професионална кошаркарска лига „НБА“ („NBA“), кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка загинаа во хеликоптерска несреќа што се случи утрово во близина на Лос Анџелес, во сојузната држава Калифорнија во Соединетите Американски Држави (САД).

Во објавеното соопштение од Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес преку социјалната мрежа Твитер е потврдено дека 41-годишниот Коби Брајант, едниот од легендарните кошаркари на американската професионална кошаркарска лига „НБА“ го загуби животот во хеликоптерска несреќа во градот Калабасас и дека во несреќата нема преживеани.

Како што беше соопштено, во хеликоптерската несреќа заедно со легендата на американската кошарка Коби Брајант загина и неговата 13 годишна ќерка Џијана.

Во несреќата загинаа вкупно 9 лица, додека засега не се соопштени имињата на другите 7 лица, а нема информации и во врска со причината на несреќата.

Портпаролот на Одделот за федерално воздухопловство Ален Кенитзер изјави дека засега не е утврдена причината за падот на хеликоптерот од типот „Сикорски С-76“.

Легендарниот кошаркар Коби Брајант (41), својата славна 20-годишна кошаркарска кариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс каде што фрли потпис на безброј успеси и рекорди . Тој исто така и помогна на репрезентацијата САД да освои и два златни олимписки медали во Пекинг 2008 година и во Лондон 2012 година.

Коби Брајант (41) стана петкратен шампион во американската професионална кошаркарска лига „НБА“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во споделената објава на својот официјален профил на социјалмата мрежа Твитер, исто така истакна дека Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија и го напиша следното: „Кошаркарскиот великан Коби Брајант и тројца други загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тоа е ужасна вест!“

Воедно и поранешниот американски претседател Барак Обама во објавата на својот порфил на Твитер, напиша: „Коби беше легенада на паркетот... За нас како семејство претставува голема болка и тоа што ја изгубивме и Џијана. Во овој ден којшто не може ниту да дојде на ум, Мишел и Јас ги испраќаме нашата љубов и нашите молитви до Ванеса (сопругата на Коби Брајант) и до целото семејство Брајант.“



Слични вести