Турските одбојкарки се стекнаа со право да учествуваат на Олимиските игри Токио 2020

Турската женска одбојкарска репрезентација во историјата по втор пат се стекнаа со правото да учествуваат на Олимписките игри.

Турските одбојкарки се стекнаа со право да учествуваат на Олимиските игри Токио 2020

Турската женска одбојкарска репрезентација со победата што ја извојува над Германија од 3-0 на европските квалификациони натпревари, се стекна со правото на учество на Олимписките игри Токио 2020.

Турската женска одбојкарска репрезентација на квалификациониот натпревар на Европа ја совлада репрезентацијата на Германија со резултат од 3-0 и на тој начин се стекна со правото на учество на Олимписките игри Токио 2020 на Европската одбојкарска конфедерација ЦЕВ.

Турските одбојкарки финалниот натпревар на турнирот што се одигра во холандскиот град Апелдорн го започна многу добро и првиот сет го освои со резултат од 25-17.

Турските репрезентативки со ефикасниот перформанс што го покажаа во текот на играа извојуваа победа и на вториот сет од 25-19.

Турските одбојкарки не ја напуштија дисциплинираноста и во третиот сет, така што и овој сет го добија со 25-22 и на тој начин извојуваа победа во сетови од 3-0.

Турската женска одбојкарска репрезентација во историјата по втор пат се стекнаа со правото да учествуваат на Олимписките игри.

Репрезентативките со победата што ја извојуваа над Германија, се стекнаа со правото да учествуваат на Олимписките игри во Токио 2020.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката со честитки преку профилот на твитер им честиташе на турските репрезентативки

И претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп на профилот преку твитер исто така им честиташе на репрезентативките за извојуваната победа и правото за учество на Олимписките игри Токио 2020. Искрено и од се срце им честитам на Султанките на мрежата за гордоста која што има ја пружија на нашите граѓани, рече Шентоп.



Слични вести