Бах: „Несогласувањата меѓу земјите треба да се држат далеку од Токио 2020“

Предупредување од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах

Бах: „Несогласувањата меѓу земјите треба да се држат далеку од Токио 2020“

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах предупреди дека несогласувањата меѓу земјите треба да се држат настрана од Токио 2020.

Додека трае одбројувањето наназад за Олимписките игри Токио 2020, Бах во говорот на состанокот во генералниот центар во Лозана рече дека политиката треба да се држи настрана од игрите.

„Протестите во 1980-та и 1984-та година нанесоа голема штета на имиџот на Олимписките игри“ потсети Бах и додаде дека „Во Токио нема да дозволиме такво нешто“.

Во продолжение германскиот спортист Бах подвлече дека „во случај да се забележи евентуален одраз на несогласувањата меѓу земјите на Олимписките игри, решително ќе бидат спроведени дисциплинските мерки и директиви.“

„Исто така нема пречка за објавување на политичките погледи и ставови на спортистите преку личните профили на социјалните мрежи и ексклузивните интервјуа“ рече Бах.

Меѓународниот олимписки комитет во водичот за спортистите кои ќе учествуват на Олимписките игри Токио 2020 подвлече дека се забранети сите политички симболи, дури и оној од 1968 година, кога еден спортист ја дигна раката кон небото.



Слични вести