Реал Мадрид се пласираше во финалето на Супер купот на Шпанија

Реал Мадрид со победата што ја извојува на натпреварот со Валенција од 3-1 се пласираше во Супер купот на Шпанија

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Супер купот на Шпанија
Jeddah, Saudi Arabia.JPG
Valencia  Real Madrid - King Abdullah Sports City.JPG
Valencia v Real Madrid.JPG
Valencia v Real Madrid modric.JPG

Реал Мадрид со победата што ја извојува на натпреварот со Валенција од 3-1, кој што се одигра во Саудиска Арабија, се пласираше во Супер купот на Шпанија.

Полуфиналниот натпревар на Супер купот меѓу Реал Мадрид и Валенција кој со цел да се зголемат приходите и зајакне меѓународниот имиџот на Ла Лигата на Шпанија беше претворен во турнир на финална четворка, се одигра во странство.

Головите за екипата на Реал Мадрид на натпреварот што се одигра на градскиот стадион Крал Абдулах во Џеда ги постигнаа: Тони Крос во 15-та, Иско во 39-та и Лука Модриќ во 65-та минута.

Единствениот гол за екипата на Валенција го постигна Даниел Перехо во 92-та минута.

Повредениот Карим Бензема и болниот од настинка Герет Бејл не беа донесени во Џеда.

Вториот финалист на Супер купот на Ла Лига ќе биде определен по денешниот натпревар кој ќе се одигра меѓу екипите на Барцелона и Атлетико Мадрид.



Слични вести