Фенербахче на дербито со Бешикташ 3 поени освои со три гола
Косовскиот центарфор на Фенербахче Ведат Муриќи оваа сезона го постигна 10 гол во Супер лигата

Фенербахче на дербито со Бешикташ во 16-то коло на Супер лигата извојува победа од 3-1 и освои 3 поени.
На натпреварот што се одигра на стадионот Улќер на Фенербах.е во Истанбул, головите за Фенербахче кои одиграа голема улога во постигнувањето на победата ги постигнаа Макс Крус, Озан Туфан и Ведат Муриќи. Единствениот гол за Бешикташ го постигна Атиба Хучинсон.
Во колото во кое Демир Груп Сивасспор изгуби поени, а жолто-сината екипа извојува победа, со 28 поени и еден натпревар повеќе се искачи на 3 место. Фенербахче разликата со Сивасспор ја намали на 6 поени.
Косовскиот центарфор на Фенербахче Ведат Муриќи оваа сезона го постигна 10 гол во Супер Лигата.
Дербито Фенербахче-Бешикташ го проследија 44 илјади 526 навивачи.
Трибините на стадионот беа исполнети. 42 358 навивачи беа на Фенербахче, а 2 168 на Бешикташ.