Галатасарај ја заврши Лигата на шампионите на дното на табелата во групата
Галатасарај на синоќешниот последен одигран натпревар во својата група „А“ во Лигата на шампионите изгуби од Париз Сен-Жермен со резултат од 5:0 и ги заврши групните натпревари на дното на табелата со само освоени 2 поена

Турскиот фудбалски претставник Галатасарај својот последен натпревар во групата „А“ во Лигата на шампионите на УЕФА го одигра синоќа против француски Париз Сен-Жермен и беше поразен со убедливи 5:0.
Француската екипа во 32-та минута со Мауро Икарди премина во водство од 1:0, а после 3 минути со голот на Пабло Сарабиа резултатот стана 2:0.
Првото полувреме заврши со 2:0 за Париз Сен-Жермен.
На самиот почеток на второто полувреме францускиот претставник со голот на Нејмар резултатот го зголеми на 3:0, а во 63-та минута со асистенцијата на Нејмар Килиан Мбапе го постигна четвртиот гол.
Во 82-та минута од натпреварот Париз Сен-Жермен доби пенал.
Голот од пенал пристигна од Единсон Кавани кој влезе во игра во второто полувреме и реезултатот стана 5:0.
на тој начин францускиот претставник Париз Сен-Жермен групните натпревари ги заврши на чело на табелата со освоени 16 поени.
Нашиот претставник Галатасарај пак, во оваа сезона во Лигата на шампионите, како најатрактивно фудбалско надигрување, прими дури 14 гола и со ниту една победа, два нерешени меча и 4 порази групните натпревари ги заврши со само освоени 2 поена и се најде на дното на табелата.