Одбојкарките на Еџзаџибаши ВитрА го освоија второто место на ФИВБ Светскиот куп

Одбојкарките на турската екипа Еџзаџибаши ВитрА во финалето изгубија од италијански Имоко Волеј со 3:1 во сетови и го освоија второто место на ФИВБ Светскиот куп во одбојка за жени

1319716
Одбојкарките на Еџзаџибаши ВитрА го освоија второто место на ФИВБ Светскиот куп

Турската женска одбојкарска екипа Еџзаџибаши ВитрА во финалето на ФИВБ Светскиот куп во одбојка за жени изгуби од италијански Имоко Волеј со 3:1 во сетови. 

На тој начин Еџзаџибаши ВитрА го освои второто место на ФИВБ Светскиот куп и се закити со сребрен медал.

Еџзаџибаши ВитрА мечот кој се одигра во кинескиот град Шаоксинг, го започна со одлична игра и со 25;22 премина во водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет италијанската екипа Имоко Волеј победи со 25:14 и го изедначи резултатот на 1:1.

Третиот сет заврши со 29:19 за Имоко Волеј и италијанскиот претставник премина во водство од 2:1.

Во четвртиот сет којшто започна со голема борба поконтролирано и подобро играше Имоко Волеј и овој сет заврши со 25:21 со што италијанската екипа мечот го доби со резултат од 3:1 во сетови и ја освои шампионската титула на ФИВБ Светскиот куп во одбојка за жени.

Турската екипа Еџзаџибаши ВитрА пак, која во 2015 и 2016 година стана шампион оваа година изгуби за прв пат во финалето и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал.



Слични вести