Турција на ЕВРО 2020 игра во Групата „А“ против Италија, Швајцарија и Велс

Турција на Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) ќе игра во Групата "А" заедно со Италија, Швајцарија и Велс

Турција на ЕВРО 2020 игра во Групата „А“ против Италија, Швајцарија и Велс

Турската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство 2020 ќе игра во Групата „А“ против Италија, Швајцарија и Велс.

Вчера беа извлечени ждрепките за Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) чиј домаќин за прв пат во историјата на првенството ќе бидат 12 земји и кое ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

На извлечените ждрепки во Изложбениот центар "ROMEXPO" во главниот град на Романија, Букурешт, турската фудбалска репрезентација учествуваше од третиот шешир и зазеде место во групата "А" заедно со Италија, Швајцарија и Велс.

Исто така и првиот натпревар на отворањето на ЕВРО 2020 ќе се одигра во Групата "А" помеѓу Италија, инаку една од земјите домаќини на првенството и Турција. 

Првиот натпревар на отворањето на првенството ќе се одигра на 12 јуни 2020 година во петок во 22:00 часот по турско време на олимпискиот натпревар во Рим помеѓу домаќинот Италија и Турција.

Турција вториот натпревар во групата ќе го одигра на, 17 јуни 2020 година во среда во 19:00 часот по турско време против Велс, а на третиот и последен натпревар на 21 јуни во недела во 19:00 часот ќе игра против Швајцарија. 

Еве ги групите на ЕВРО 2020:

Група "А": Турција, Италија, Велс, Швајцарија

Група "Б" : Данска, Финска, Белгија, Русија

Група "Ц": Холандија, Украина, Австрија, Победникот на Лигата на нации Плеј-оф Д или Плеј-оф А

Група "Д" : Англија, Хрватска, Чешка Република, Победникот на Лигата на нации Плеј-оф Ц

Група "Е" : Шпанија, Шведска, Полска, Победникот на Лигата на нации Плеј-оф Б

Група "Ф":  Победникот на Лигата на нации Плеј-оф А или Плеј-оф Д, Португалија, Франција, Германија



Слични вести