Две турски спортистки освоија златни медали на СП во кик бокс во Анталија
Две турски спортистки Ѓулшах Кијак и Дујгу Туран на Светското првенство во кик бокс сениори во Анталија освоија златни медали
1315289

Турските спортистки Ѓулшах Кијак и Дујгу Туран на Светското првенство во кик бокс сениори освоија златни медали.
На Светското првенство во кик бокс сениори кое се одржува во Анталија, а на кое учествуваат 1250 спортисти од 70 земји, спортистките на репрезентацијата на Турција во кик бокс Ѓулшах Кијак и Дујгу Туран, на крајот на четвртиот ден од натпреварите освоија златни медали и станаа светски шампионки.
Првенството кое започна на 26 ноември и вчера продолжи со финалните натпревари, ќе заврши денеска.