Познати противниците на Турција за квалификациите во кошарка за Олимписките игри 2020 во Токио

Турската кошаркарска репрезентација во ждрепката учествуваше од третиот шешир и во квалификациите коишто ќе се одиграт во Канада ќе игра во Групата „Б“ против Уругвај и Чешка

Познати противниците на Турција за квалификациите во кошарка за Олимписките игри 2020 во Токио

Извлечени се ждрепките на групните натпревари за квалификациите во кошарка за Олимписките игри 2020 година во Токио.

Извлекувањето на ждрепките на кошаркарските репрезентации се одржа во Кошаркарскиот дом „Патрик Бауман“ во швајцарскиот град Нион.

Турската кошаркарска репрезентација во ждрепката учествуваше од третиот шешир и во квалификациите коишто ќе се одиграт во Канада ќе игра во Групата „Б“ против Уругвај и Чешка.

Во Групата „А“ од квалификациите во Канада, се наоѓаат Канада, Грција и Кина.

Елеминационите натпревари ќе се одиграт од 23 до 28 јуни 2020 година во 4 земји и тоа Канада, Хрватска, Литванија и Србија.

Првопласираните и второпласираните во овие формирани две групи од по 3 репрезентации во наведените 4 земји домаќини, ќе играат вкрстено (првопласираната со второпласираната и обратно второпласираната со првопласираната).

Репрезентациите кои ќе ги поминат овие мечеви ќе играат во финалето.

Четири репрезентации кои ќе се изборат за финалните мечеви ќе добијат билет за Олимписките игри 2020 во Токио.

Групите од квалификациите се формирани вака:

Канада:

Групата „А“: Канада, Кина, Грција

Групата „Б“: Турција, Уругвај, Чешка

Србија:

Групата „А“: Србија, Доминиканска Република, Нов Зеланд

Групата „Б“: Порто Рико, Италија, Сенегал

Литванија:

Групата „А“: Литванија, Јужна Кореја, Венецуела

Групата „Б“: Полска, Словенија, Ангола

Хрватска:

Групата „А“: Германија, Русија, Мексико

Групата „Б“: Хрватска, Тунис, Бразил



Слични вести