Екипата на Анадолу Ефес со 8 победи на врвот на Европската лига

Тренерот Ергин Атаман со победата над Милано го постигна првото сефте над италијанскиот тренер Еторе Месина

Екипата на Анадолу Ефес со 8 победи на врвот на Европската лига
anadolu efes 2.jpg
anadolu efes 1.jpg
anadolu efes 3.jpg
anadolu efes 4.jpg
ergin.jpg

Турската кошаркарска екипа Анадолу Ефес која добро ја започна сезоната во Европската лига, со 8 победи од 10 натпревари оваа недела се најде на врвот на табелата.

Нашиот претставник на двојните натпревари со екипите на Асвел и Милано кои важат за непобедливи екипи на свој терен, демонстрираа сила.

Жолто сините пред два дена ја победија екипата на Асвел во гости, а веднаш потоа повторно во гости ја победија и екипата на Милано во гости и ги оконча епитетите на непобедливи на свој терен на овие две екипи.

Екипата на Анадолу Ефес оваа сезона е екипа со најдобар перформанс меѓу сите екипи и на 5 натпревари извојува 4 победи.

Екипата на тренерот Ергин Атаман, во гости извојува победа и над екипите на Олимпијакос и Валенција, додека пораз во гости доживеа само на натпреварот со Панатинаикос.

Нашиот претставник покажа извонреден перформанс и зад линијата за фаули на натпреварите со Асвел и Милано.

Екипата на Ефес во моментите кога беше приклештена во нападите исто така покажа извонредна способност во добивањето фаули, така што на натпреварот со Асвел извојува 26 насрпоти 25 фаули, додека на натпреварот со екипата на Милано 24 наспроти 23.

Со 85,6 отсто успешни погодоци од фаулите, екипата на жолто-сините исто така се наоѓа на врвот на табелата на лигата.

Тренерот Ергин Атаман со победата над Милано го постигна првото сефте над италијанскиот тренер Еторе Месина.

Атаман кој пред натпреварот за италијанскиот тренер го употреби изразот „мојот идол“ на 10-от натпревар против Месина ја освои првата победа.



Слични вести