Историски успех на турските репрезентативци

Турција претходно учествуваше на 4 Европски првенства

1308583
Историски успех на турските репрезентативци

Турските фудбалски репрезентативци на квалификациите за ЕУРО 2020 учествуваат со најдобар перформанс во групата.

Турските фудбалери во Х групата, последниот квалификационен натпревар го завршија со победа над репрезентацијата на Андора од 2-0 и на тој начин постигнаа најдобар групен пласман во историјата.

На 10-те натпревари што ги одигра во групата за Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020, Турција извојува 7 победи, одигра 2 нерешени натпревари и доживеа 1 пораз. Со 23 поени, Турција по Франција со 25 поени се пласираше на второто место во групата. Турција на секој натпревар освои просечно по 2,3 поени.

Турција претходно учествуваше на 4 Европски првенства. На ЕУРО 96 со 15 поени на 8 натпревари имаше просек од 1,87 по натпревар, на ЕУРО 2000 со 17 поени на 8 натпревари постигна просек од 2,12, поен по натпревар, на ЕУРО 2008 со 24 поени на 12 натпревари просек од 2 поени, додека на ЕУРО 2016 со 18 поени на 10 натпревари постигна просек од 1,8 поени.

Турската репрезентација на квалификационите натпревари за Светското првенство 2002 на 10 натпревари освои 21 поен и постигна просек од 2,1 поен по натпревар.

На натпреварот на турската репрезентација со Андора во гости на кој извојува победа од 2-0, беа доживеани низа новини.

Младите фудбалери Озан Кабак, Ахмед Кутуџу у Мерт Четин првпат излегоа со дресот на турската репрезентација.

Турската фудбалска репрезентација која на 10 натпревари прими само 3 гола привлече големо внимание со младите одбранбени фудбалери кои играат во европските лиги.

2 од овие голови репрезентацијата на Турција ги прими на натпреварот во гости против Исланд, а 1 на натпреварот во гости против Франција.



Слични вести