Турската мечувалка Нисанур Ербил освои сребрен медал на Светскиот куп за јуниорки
Турската спортистка Нисанур Ербил на Светскиот куп во мечување за жени јуниорки во Ташкент, Узбекистан, освои сребрен медал
1307695

Националната мечувалка репрезентативка Нисанур Ербил на Светскиот куп во мечување за жени јуниорки, го освои второто место и се закити со сребрен медал.
Според објавеното соопштение од Федерацијата за мечување на Турција, на организацијата којашто започна во главниот град на Узбекистан, Ташкент, спортистката на Центарот за подготвување за олимпијади на Турција (TOHM) Нисанур Ербил освои сребрен медал.
На тој начин, турската мечувалка Нисанур Ербил со освојување на овој медал стана наша национална спортистка репрезентативка која досега постигна најдобар резултат во мечување во поединечна конкуренција на Светските купови за жени јуниорки.