Турција играше нерешено со Исланд 0:0 и го загарантира учеството на ЕВРО 2020

Турција во претпоследното коло од групните натпревари од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година синоќа играше дома против Исланд и со добиениот нерешен резултат 0:0 го загарантира своето учество на првенството

1306872
Турција играше нерешено со Исланд 0:0 и го загарантира учеството на ЕВРО 2020
thumbs_b_c_7ca185982abbe59b068a7f7b5c3de3f4.jpg
thumbs_b_c_9f2434769a53ce59008dd336ea9e0eb4.jpg
thumbs_b_c_50332b1c4bf8d888f2506ce80201e864.jpg
Burak Yilmaz_2019_New folder_5271c6d9-ef12-4d5b-a87c-ac3ace217b95.jpg
Burak Yilmaz_2019_ekim_7297389c-e542-4fd1-b7cb-6288b1b348d1.jpg

Во рамките на групните натпревари од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕВРО 2020) Турција синоќа на свој терен играше против Исланд и со добиениот нерешен резултат 0:0 го загарантира своето учество на европското првенство.

Со постигнување на овој успех Турција по петти пат во својата историја ќе учествува на Европското фудбалско првенство.

Турските фудбалери на синоќешниот натпревар против Исланд го добија тој еден неопходен поен за пласирање во ЕВРО 2020 и се стекнаа со билетот за првенството.

Натпреварот помеѓу Турција и Исланд го следеше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој не ја остави сама турската фудбалска репрерзентација  на овој историски и значаен меч.

Претседателот Ердоган овој значаен натпревар го следеше од трибината. 

По натпреварот на кој Турција го загарантира учеството на Европското фудбалско првенство 2020 година (ЕВРО 2020) беше доживеана голема радост.

Фудбалерите и техничката екипа на репрезентацијата се приклучија кон бодрењето на навивачите.

Во квалификационата група „Х“ во која се наоѓа Турција, по одиграните претпоследни групни натпревари Франција синоќа ја победи Молдавија со 2:1 така да со 22 поени го презеде водството во групата.

На второ место се наоѓа Турција со 20 поени.

На тој начин првопласираната репрезентација во групата ќе биде позната по одигрување и на последните натпревари.

Турција својот последен натпрвеар ќе го одигра на 17 ноември во гости против Андора.

Сега, откако Турција синоќа го загарантира учеството на Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕВРО 2020), нејзините противници ќе бидат познати по извлекување на ждребките на 30 ноември во сабота вечер во 20:00 часот по турско време, во главниот град на Романија, Букурешт. 

Што се однесува до Европското фудбалско првенство 2020, оваа значајна спортска организација ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година во 12 градови во 12 европски земји.

Полуфиналните мечеви и финалето на ЕВРО 2020 ќе се одиграат на стадионот Вембли во главниот град на Англија, Лондон.



Слични вести