Англиски судија за мечот Турција-Исланд од квалификациите за ЕВРО 2020
Судија на натпреварот Турција-Исланд кој ќе се одигра на 14 ноември, во четврток вечер на стадионот Турк Телеком во Истанбул, ќе биде англискиот судија Ентони Тејлор
1305124
Натпреварот во Групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕВРО 2020) помеѓу Турција и Исланд кој ќе се одигра на 14 ноември, во четврток вечер, ќе го води англискиот судија Ентони Тејлор.
На мечот што ќе се одигра на стадионот Турк Телеком во Истанбул во 20:00 часот според турско време, помошници на Ентони Тејлор ќе му бидат Гери Бесвик и Адам Нун.
Четврти судија на натпреварот пак, ќе биде Стјуарт Атвел.