Кошаркарската екипа на Фенербахче ја победи екипата на Бешикташ со резултат од 84-80

Екипата на Фенербахче Беко на почетокот на натпреварот започна со добра одбрана и првиот период го заврши со 20-17

1304113
Кошаркарската екипа на Фенербахче ја победи екипата на Бешикташ со резултат од 84-80

Кошаркарската екипа на Фенербахче Беко на натпреварот во 7-то коло на Супер лигата ИНГ ја победи екипата на Бешикташ Сомпо Сигорта со резултат од 84 -80.

Екипата на Фенербахче Беко на почетокот на натпреварот започна со добра одбрана и првиот период го заврши со 20-17.

Екипата на Бешикташ Сомпо вториот период го започна со серија од 5 кошеви и наспроти слабите шутеви од надвор на противничката екипа, вториот период го заврши со предност од 38 – 36.

Третиот период двете екипи играа добро, додека екипата на црно-белите со кошевите на Исмет Акпинар во финалниот период влезе со предност од 58 – 52.

Последниот период на натпреварот помина доста жестоко.

Екипата на Фенербахче со кошевите на Али Мухамед и Калиниќ, во 34-та минута од натпреварот го изедначи резултатот и двете екипи имаа по 65 кошеви.

Екипата на Фенербахче со тројката на Калиниќ во 35-та минута премина во водство (68-65), додека екипата на Бешикташ Сомпо Сигорта на само 1 минута и 46 секунди пред да заврши натпреварот премина во водство од 75-74.

Фенербахче Беко од слободни фрлања постигна 6 кошеви и на 50 секунди пред да заврши натпреварот премина во водство од 80-75.

Екипата на жолто-сините во нападите изгуби многу позиции, додека екипата на Бешикташ за возврат на овие изгубени позиции во последните 24 секунди од натпреварот, разликата ја намали на 1 кош (80-79).

Фенербахче Беко на натпреварот немаше тактички фаули и извојува победа од 84-80.



Слични вести