Евролига „Туркиш Ерлајнс“: Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид со 76:60

Анадолу Ефес на одиграниот натпревар синоќа, дома на свој терен, во Евролигата „Туркиш Ерлајнс“ извојува победа над шпански Реал Мадрид со резултат од 76:60

1294584
Евролига „Туркиш Ерлајнс“: Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид со 76:60

Нашиот кошаркарски претставник во Евролигата „Туркиш Ерлајнс“ Анадолу Ефес на синоќешниот одигран четврти натпревар го пречека на свој терен шпански Реал Мадрид.

На натпреварот чии сите билети беа продадени и спортската сала Синан Ердем во Истанбул беше исполнета, навивачите на Анадолу Ефес 40 минути никако не замолчеа и ја бордеа својата екипа во текот на целиот натпревар.

Кошаркарите на гостинската екипа Реал Мадрид натпреварот го започнаа со три една по друга постигнати тројки со што доловија серија од 9:0 и тренерот на Анадолу Ефес Ергин Атаман мораше да оди на пауза.

Анадолу Ефес на враќање од паузата под водство на Шајн Ларкин постигна неколку коша и резултатот беше урамнотежен.

Кошаркарите на Анадолу Ефес првата четвртина ја завршија со предност од 15:11.

На крајот на втората четвртина пак, нашите кошаркари започнаа со цврста одбрана и се одеше во пресоблекувалната со предност од 31:29.

Анадолу Ефес второто полувреме го започна со тројките на Мичиќ и Ларкин и на крајот на третата четвртина беше доловена предност од 56:50.

Со ефикасната игра на Симон во напад нашиот претставник во последните 3 минути од натпреварот веќе водеше со 74:55.

До крајот на натпреварот кошаркарите на Анадолу Ефес не ја испуштија контролата од свои раце и извојуваа победа со резултат од 76:60.

На тој начин, Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид по досгеа одиграни 7 натпревари и ја извојува својата трета по ред победа во Евролигата „Туркиш Ерлајнс“. 

Данстон и Симон со постигнати по 17 коша одиграа значајна улога во победата на Анадолу Ефес над Реал Мадрид.



Слични вести