Меси не се наситува на рекорди

Меси стекна со епитет на фудбалер кој во Лигата на шампионите во 15 сезони по ред постигна гол

1293919
Меси не се наситува на рекорди
2019-10-23T211702Z_1917599103_RC1F8E8F4700_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-SLP-FCB-REPORT.JPG
2019-10-23T204719Z_132180258_RC1857A21B90_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-SLP-FCB-REPORT.JPG

Аргентинската супер ѕвезда Лајонел Меси кој во кариерата има безброј успеси, своето име го забележа и во Лигата на шампионите.

Меси со голот што го постигна на натпреварот со Славија Праг во гости се стекна со епитет на фудбалер кој во Лигата на шампионите во 15 сезони по ред постигна гол.

Меси со голот што го постигна против Славија Праг во историјата на турнирот ги стигна Раул и Кристијано Роналдо.

Супер ѕвездата во кариерата, на натпреварите на Барселона со Интер и Борусија Дортмунд во оваа сезона кои се наоѓаат во истата група нема постигнато голови.

Во случај Меси на натпреварите со овие екипи постигне гол, тогаш ќе биде единствениот рекордер.

Аргентинскиот фудбалер, првиот гол во Лигата на гигантите го постигна во сезоната 2005-2006 на натпреварот против Панатинаикос.

32 годишната ѕвезда во досегашната кариера во Лигата на шампионите постигна 114 гола.



Слични вести