Берфин Алтун освои златен медал на Европското првенство во дигање тегови

Репрезентативката Нурај Левент во категоријата дигање тегови со тргнување со 95 кг освои сребрен медал

1293201
Берфин Алтун освои златен медал на Европското првенство во дигање тегови

Турската репрезентативка Берфин Алтун освои златен медал на Европското првенство во дигање тегови во категоријата млади и кадети до 23 годишна возраст, што се одржува во Романија.

Берфин Алтун на првенството во Букурешт со 94 кг во категоријата дигање тегови со тргнување освои бронзен, во категоријата дигање тегови со исфрлање со 118 кг освои златен медал. Со вкупно 212 кг Алтун стана европски шампион.

Репрезентативката Нурај Левент во категоријата дигање тегови со тргнување со 95 кг освои сребрен, во категоријата со исфрлање освои бронзен медал. СО вкупно 210 кг Левент го освои второто место на европското првенство во дигање тегови.

Вкупниот биланс на турските репрезентативки на крајот на петтиот ден од шампионатот изнесува 31 медал од кои 11 златни, 8 сребрени и 12 бронзени.



Слични вести