Меси: „Прв фудбалер во историјата кој по шести пат ја освои Златната копачка“

Тајмингот на наградата за 32 годишната аргентинска ѕвезда имаше посебно значење, бидејќи се поистоветуваше со денот кога пред 15 години првпат го облече дресот на Барселона и кој пат го одведе до 6-та Златна копачка.

1289509
Меси: „Прв фудбалер во историјата кој по шести пат ја освои Златната копачка“
MESSI altın ayakkabı a.JPG
MESSI altın ayakkabı c.JPG
MESSI altın ayakkabı.JPG

Лајонел Меси е првиот фудбалер во историјата кој по 6-ти пат ја освои Златната копачка.

Аргентинскиот репрезентативец Златната копачка ја прими на свеченоста што беше одржана во Барцелона.

Меси на свеченоста беше придружуван од страна на синовите Тијаго и Матео.

Минатата сезона Меси со 36 постигнати голови во Ла Лига се најде пред Мбабе кој во француската лига постигна 33 голови.

Тајмингот на наградата за 32 годишната аргентинска ѕвезда имаше посебно значење, бидејќи се поистоветуваше со денот кога пред 15 години првпат го облече дресот на Барселона и кој пат го одведе до 6-та Златна копачка.

Аргентинскиот репрезентативец во рамките на 15 годишната кариера во Барселона собори низа рекорди а со дресот на каталонската екипа излезе 692 пати.

По Чави Хернандез, меси е вториот фудбалер кој на 692 натпревари за Барселона постигна 639 голови.

Аргентинскиот фудбалер моментално важи за најдобар голгетер на каталонската екипа.



Слични вести