Турција се врати од Франција со нерешен резултат од 1:1 и со освоен 1 поен

Турција синоќа во рамките на квалификациите за ЕВРО 2020 во групата "Х" играше во гости против Франција и оттука успеа да извлече нерешен резултат од 1:1 и да освои 1 поен

1288589
Турција се врати од Франција со нерешен резултат од 1:1 и со освоен 1 поен
Türkiye Fransa (7).jpg
Türkiye Fransa (11).jpg
Türkiye Fransa (2).jpg
Türkiye Fransa (15).jpg
Türkiye Fransa (14).jpg
Türkiye Fransa (6).jpg

Турската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар што го одигра против Франција во групата "Х" од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕВРО 2020) играше нерешено 1:1 и се врати со 1 поен од Париз. 

Овој резултат претставува голема предност за Турција на само два натпревари до крајот на натпреварите во групите.

Турција заедно со Франција бројот на своите освоени поени го зголеми на 19 и продолжува да води на чело на табелата со предност во бројот на постигнати голови. 

Турција следниот натпревар ќе го одигра против Исланд на 14 ноември.

Доколку Турција на овој натпревар извлече дури инерешен резултат ќе го загарантира излезот од групата. 

Последниот натпревар пак, ќе го одигра против Андора.

На синоќешниот одигран натпревар страната која беше подобра беше домаќинот Франција. 

Откако турските фудбалери не можеа да бидат влијателни во првото полувреме, техничкиот директор Шенол Ѓунеш второто полувреме го започна со измена. 

Така на местото на Окај Јокушлу влезе во игра Хакан Чалханоглу, а потоа Каан Ајхан го замени повредениот Мехмет Зеки Челик. 

Последната измена искусниот технички директор Шенол Ѓунеш ја направи со ставање во игра на Џенк Тосун на местото на Озан Туфан.

По постигнатиот гол војнички поздрав од фудбалерите...

Голот што го постигна турската фудбалска репрезентација во 82. минута со Каан Ајхан предизвика големо воодушевување на стадионот "Стад де Франс" во Париз.

Со голот на Каан Ајхан со глава сите турски фудбалери радоста за постигнатиот гол ја доживеаја со трибините зад голот.

Турските репрезентативци исто како и на натпреварот со Албанија уште еднаш со војнички поздрав постигнатиот гол им го посветија на турските војници "Мехметчик" кои учествуваат во операцијата Извор на мирот.

Француската режија емитерот на натпреварот не го прикажа на екраните начинот на прославување на постигнатиот гол од страна на Турските фудбалери со војнички поздрав. 

 



Слични вести