Историски успех на Турција во гимнастика: Ибрахим Чолак стана светски шампион во алки

Турскиот репрезентативец гимнастичар Ибрахим Чолак со 14.933 поени стана светски шампион во алки на Светското првенство во артистичка гимнастика во Штутгарт и фрли потпис на историски потпис за Турција

1287250
Историски успех на Турција во гимнастика: Ибрахим Чолак стана светски шампион во алки

Турскиот репрезентативец гимнастичар Ибрахим Чолак на Светското првенство во артистичка гимнастика го освои првото место место во алки и стана светски шампион.

На првенството во германскиот град Штутгарт се одржа финалето во алки. 

Турскиот гимнастичар Ибрахим Чолак со 14.933 поени стана светски шампион. 

На тој начин со освојување на првиот медал за Турција фрлајќи притоа потпис и на историски успех, турскиот репрезентативец Ибрахим Чолак се стекна со право да учествува на Олимписките игри во 2020 година во главниот град на Јапонија, Токио.

На церемонијата на доделување на медалите Ибрахим Чолак се искачи на првото место на пиедесталот, му беше доделен златниот медал, а потоа беше виорено турското знаме и беше интонирана турската национална химна

Чолак по церемонијата рече: „Овој медал и го посветувам на  нашата славна турска армија, на нашите војници 'Мехметчик' и на турскиот народ.“

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу го побара по телефон Ибрахим Чолак и му честита за овој постигнат историски успех.



Слични вести