Квалификации за ЕВРО 2020: Турција ја победи Албанија со 1:0

Турција синоќа на седмиот натпревар во квалификационата група „Х“ за ЕВРО 2020 дома извојува победа над Албанија со резултат од 1:0

1286877
Квалификации за ЕВРО 2020: Турција ја победи Албанија со 1:0

Турската фудбалска репрезентација на синоќешниот одигран натпревар во групата „Х“ од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 (ЕВРО 2020) ја победи Албанија со резултат од 1:0.

Турција синоќа на седмиот натпревар во квалификационата група „Х“ за ЕВРО 2020 играше дома со Албанија.

Турската фудбалска репрезентација со единствениот гол на натпреварот што го постигна Џенк Тосун во последната 90-та минута од натпреварот го победи својот противник со 1:0, со што го продолжи водството на табелата во својата квалификациона група и исчекори голем чекор на патот за учество на Европското  фудбалско првенство во 2020 (ЕВРО 2020).

Турција од досега одиграните вкупно 7 натпревари има извојувано 6 победи и доживеа 1 пораз и води во својата квалификациона група со освоени 18 поени со предност по бројот на постигнати голови пред Франција со исто така освоени 18 поени.

Во групата ќе бидат одиграни уште 3 натпревари.

Исланд е на трето место во групата  со досега освоени 12 поени, а на четврто место е Албанија со 9 поени.

Турција следниот напревар ќе го одигра на 14 октомври во понеделник во гости против Франција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по синоќешниот натпревар ги побара по телефон фудбалерите на турската фудбалска репрезентација на кои им честита за исвојуваната победа против Албанија со 1:0.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор им честита на претседателот на Турската фудбалска федерација Нихат Оздемир, техничкиот директор Шенол Ѓунеш и на фудбалерите, а воедно напомена дека беше значајно и смисловно тоа што по постигнатиот победоносен гол турските фудбалери со војнички поздрав ги поздравија јуначките турски војници „Мехметчик“.



Слични вести