Квалификации за ЕВРО 2020: Мечот Турција-Албанија на 11 октомври во живо на екраните на ТРТ 1

Натпреварот од квалификациите за ЕВРО 2020 помеѓу Турција и Албанија ќе се одигра на 11 октовмри во петок вечер и ќе се емитува во живо на екраните на ТРТ 1

1284533
Квалификации за ЕВРО 2020: Мечот Турција-Албанија на 11 октомври во живо на екраните на ТРТ 1

Турција и Албанија во рамките на квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕВРО 2020) ќе играат на 11 октомври во петок вечер.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Улкер во Истанбул, ќе започне во 21:45 часот спроед турско време и ќе се емитува во живо на телевизиските екрани на ТРТ 1, на Турската радио и телевизија ТРТ.

Турската фудбалска репрезентација која води на табелата во квалификационата група, пред Франција и Исланд, има освоено 15 поени.

Турција не сака да изгуби и на натпреварот со Албанија поради што е мотивирана за победа.

Натпреварот ќе го води судијата Овидиу Алин Хатеган од Фудбалската федерација на Романија.

По натпреварот со Албанија пак, Турција на 14 октомври во понеделник вечер ќе игра во гости против Франција.

И овој натпреварот ќе се емитува во живо на екраните на ТРТ 1, на Турската радио и телевизија ТРТ.

 



Слични вести