Турскиот атлетичар Рамил Гулијев го освои петтото место на СП во Доха

Рамил Гулијев синоќа на петтиот ден на 17-тото Светско атлетско првенство за мажи трчаше во финалето на трката на 200 метри и со резултат од 20 секунди 7 стотинки го освои петтото место

1279945
Турскиот атлетичар Рамил Гулијев го освои петтото место на СП во Доха
00017722836.jpg
thumbs_b_c_3de4809ec64c04d0cc9ad2bf1890163c.jpg
00017723097.jpg
00017722798.jpg
Noah Lyles

Турскиот атлетичар Рамил Гулијев во финалето на трката на 200 метри на 17-тото Светско атлетско првенство за мажи што се одржува во Доха, главниот град на Катар, го освои петтото место.

Рамил Гулијев синоќа на петтиот ден на првенството трчаше во финалето на трката на 200 метри и со резултат од 20 секунди 7 стотинки го освои петтото место.

Првото место го освои 22-во годишниот американски атлетичар Ноа Лајлс кој во јули со резултат од 19 секунди 50 стотинки го постигна осмиот најдобар резултат на сите времиња.

Ноа Лајлс патеката од 200 метри ја истрча со резултат од 19 секунди 83 стотинки и го освои златниот медал на првенството.

Второто место и сребрениот медал го освои канадскиот атлетичар Андре Де Грас со резултат од 19 секунди 95 стотинки, а третото место и бронзениот медал му припадна на екваторскиот атлетичар Алекс Куинонез кој трчаше со резултат од 19 секунди 98 стотинки.

 



Слични вести