Галатасарај поразен дома од Париз Сен Жермен со 0:1

Галатасарај на вториот одигран натпревар синоќа на свој терен во групата „А“ во Лигата на шампионите на УЕФА изгуби од француски Париз Сен Жермен (ПСЖ) со резултат од 1:0

1280298
Галатасарај поразен дома од Париз Сен Жермен со 0:1
2019-10-01T192211Z_2057825428_RC1460856DB0_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-GAL-PSG-REPORT.JPG
2019-10-01T192628Z_1324979104_RC1CCDB886D0_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-GAL-PSG-REPORT.JPG
2019-10-01T201305Z_427551708_RC185BDB6890_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-GAL-PSG-REPORT.JPG
2019-10-01T202331Z_1787627210_RC1FBF087000_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-GAL-PSG-REPORT.JPG
2019-10-01T204253Z_728074232_RC1F9DFA7560_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-GAL-PSG-REPORT.JPG

Турскиот фудбалски претставник Галатасарај на вториот одигран натпревар на свој терен во групата „А“ во Лигата на шампионите на УЕФА изгуби од француски Париз Сен Жермен (ПСЖ) со резултат од 1:0.

Жолто-црвената екипа се обиде да презентира контролирана игра пред својот противник и првото полувреме заврши нерешено без голови 0:0. 

Галатасарај второто полувреме го започна со слаба игра така што во 52-та минута од натпреварот со голот на Мауро Икарди Париз Сен Жермен (ПСЖ) премина во водство од 1:0.

Пабло Сарабиа успеа да влезе во казнениот простор поминувајќи ја одбраната на Галатасарај и му ја подаде топката на Мауро Икарди кој чекаше и шутираше во празниот гол.

Жолто-црвените фудбалери не можеа да ги искористат погодните позиции со Радамел Фалкао и натпреварот заврши со пораз од 1:0.

Со овој резултат Галатасарај го доби својот прв пораз од двата одиграни меча во групата „А“.

На првиот одигран натпревар во гости против белгискиот претставник Клуб Бруж, жолто-црвената екипа играше нерешено без голови 0:0 и засега има освоено 1 поен.

Париз Сен Жермен (ПСЖ) пак, кој на првиот одигран натпревар извојува победа против силниот шпански претставник Реал Мадрид и тоа со убедливи 3:0, со извојуваната победа синоќа и против Галатасарај бројот на своите поени го зголеми на 6.

Техничкиот директор на Париз Сен Жермен (ПСЖ) Томас Тухел со добиениот жолт картон во првото полувреме стана првиот технички директор кој доби жолт картон во Лигата на шампионите. 

По натпреварот, техничкиот директор на Галатасарај Фатих Терим во направената проценка на мечот рече: „Ако не ја броиме последната четвртина би можел да кажам дека беше најдобра игра што ја игравме досега. Можеби денеска изгубивме, меѓутоа според мене ги добивме наредните денови.“



Слични вести