Истанбулското дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче заврши нерешено без голови

На натпреварот што се одигра синоќа на стадионот Турк Телеком во Истанбул, двата големи ривала Галатасарај и Фенербахче играа нерешено без голови и освоија по еден поен

1278191
Истанбулското дерби помеѓу Галатасарај и Фенербахче заврши нерешено без голови
fenerbahce-galatasaray.jpg
fenerbahce-galatasaray1.jpg
fenerbahce-galatasaray2.jpg
fenerbahce-galatasaray3.jpg
fenerbahce-galatasaray4.jpg

Истанбулското дерби помеѓу двата ривала Галатасарај и Фенербахче коешто се одигра синоќа во пестата недела (шестото коло) од натпреварите во првата фудбалска Супер Лига на Турција заврши нерешено без голови.

На натпреварот што се одигра на стадионот Турк Телеком во Истанбул, домашните жолто-црвени фудбалери не можеа да презентираат организирана и добра игра.

Својата најдобра позиција во првото полувреме Галатасарај ја долови со Марио Лемина, а во второто полувреме не успеа да изнајде ниту една позиција за гол.

Жолто-црвената екипа натпреварот го заврши со нерешен резултта без голови 0:0 и со тоа по четврти пат во оваа фудбалска сезона изгуби поени.

Со овој нерешен резултат со Фенербахче, Галатасарај со освоен еден поен бројот на своите поени на табелата го заголеми на 9.    

Жолто-лилјаковата екипа Фенербахче пак, која во оваа сезона по втор пат играше нерешено, бројот на своите поени на табелата го зголеми на 12.

Фенерабахче наредната недела ќе игра на свој терен против Анталјаспор.

Со синоќешниот одигран натпревар Фенербахче ја продолжи својата серија на непобедливост против Галатасарај во гости во Супер Лигата.

Жолто-лилјаковите фудбалери со нерешено одиграниот натпревар серијата на непобедливост во гости пред својот голем ривал Галатасарај го зголеми на 5 натпревари.

Фенербахче на последните одиграни 5 натпревари со Галатасарај на стадионот Турк Телеком по четврти пат играше нерешено, а еднаш извојува победа.



Слични вести