Турција на Светското првенство во борење во Казахстан освои вкупно 4 медали

Турција на Светското првенство во борење во главниот град на Казахстан, Нур-Султан освои вкупно 4 медали и тоа 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен медал

1274106
Турција на Светското првенство во борење во Казахстан освои вкупно 4 медали

Турција Светското првенство во борење што се одржа во Казахстан го заврши со 4 медали. 

Турција која на првенството во казахстанскиот главен град Нур-Султан освои 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен медал доби 4 квоти за Олимписките игри. 

Единствениот златен медал на првенството пристигна од борачот во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми нашиот репрезентативец Риза Кајаалп.

Кајаалп во финалето во категоријата до 130 килограми ги победи својот кубански противник Оскар Пино Хиндс со резултат од 3:1 и освојувајќи го првото место се закити со златен медал на првенството. 

На тој начин Риза Кајаалп го запиша своето име во историјата како прв турски борач кој по четврти пат досега стана светски шампион во грчко-римски стил.

Освен тоа турскиот борач исто така во грчко-римски стил во категоријата до 97 килограми Џенк Илдем на првенството ги освои третото место и се закити со бронзен медал. Овој наш искусен борач кој на последните Олимписки игри исто така го освои третото место, го освои и својот трет бронзен медал на досегашните светски првенства.

Турската репрезентација во борење во слободен стил пак, на Светското првенство во Нур-Султан, Казахстан освои вкупно 2 сребрени медали.

Нашиот борач олимписки шампион во слободен стил Таха Акѓул, во финалето во категоријата до 125 килограми изгуби од својот грузиски  Гено Петриашвили и освојувајќи го второто место на првенството се закити со сребрен медал. 

Турскиот борач репрезентативец Сулејман Атли пак, изгуби во финалето во категоријата до 57 килограми слободен стил и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал на првенството.

 



Слични вести