Турскиот борач Таха Акѓул го освои второто место на СП во Нур-Султан
Таха Акѓул во финалето на Светското првенство во борење слободен стил во категоријата до 125 килограми изгуби од грузискиот борач Гено Петриашвили и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал
1273859

Турскиот борач Таха Акѓул во финалето на Светското првенство во борење за мажи во категоријата до 125 килограми изгуби од грузискиот борач Гено Петриашвили и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал.
На првенството кое што продолжува во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, нашиот борач репрезентативец Таха Акѓул на натпреварот за златен медал се појави на душекот против Грузиецот Гено Петриашвили.
Натпреварот во категоријата до 125 килограми заврши со нерешен резултта од 6:6.
Меѓутоа последните поени ги доби грузискиот борач Гено Петриашвили кој стана светски шампион и го освои златниот медал.
Турскиот борач Таха Акѓул пак, освојувајќи го второто место на првенството се закити со сребрен медал.