Осуда против расистичкиот напад врз турската женска одбојкарска екипа во Солун, Грција

Министерот за младина и спорт Касапоглу истакна дека ќе бидат преземени неопходните правни чекори во врска со извршениот расистички напад врз турската женска ракометарска екипа Муратпаша Беледијеспор на одиграниот натпревар против грчки ПАОК во Солун

1271222
Осуда против расистичкиот напад врз турската женска одбојкарска екипа во Солун, Грција

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу објави порака со осуда покажувајќи реакција против извршениот расистички напад врз турската женска ракометарска екипа Муратпаша Беледијеспор на одиграниот натпревар со грчки ПАОК во Солун, во Грција.

Министерот Касапоглу во својата порака истакна дека ќе бидат преземени неопходните правни чекори во врска со извршениот расистички напад врз турската женска ракометарска екипа.

Тој во оваа своја порака го напиша следното: „Остро ги осудуваме недоличните настани кои што се случија и на двата натпревари кои што ги одигра нашата женска ракометарска екипа Муратпаша Беледијеспор во Солун против грчкиот претставник ПАОК, во првото коло на ЕХФ Купот. Намерниот агресивен став и нападите на грчката екипа ПАОК и нејзините навивачи врз нашата екипа апсолутно не се усогласуваат со мирољубивниот и пријателски дух на спортот.“

Нагласувајќи дека Турција и турскиот народ се покрај ракометарската екипа Муратпаша Беледијеспор, министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу рече: „За време на натпреварите, покрај тоа што грчкото знаме беше закачено во салата, во спротивност со духот на еден меѓународен натпревар не беше дозволено да биде закачено нашето славно знаме со ѕвезда и полумесечина кое ги претставува нашата екипа и нашата земја. Не беше задоволено ниту со тоа и за време на мечот нашите спортистки беа подложени на тешки навреди, чинови на вознемирување и на нападите на навивачите на противничката екипа. Ја известуваме јавноста дека ние како држава и народ стоиме покрај нашата екипа Муратпаша Беледијесор со сите наши можности и дека следејќи го овој процес одблизу во врска со случувањата ќе ги преземеме сите неопходни правни чекори, а воедно велиме дека истиот чувствителен став го очекуваме и од грчките органи.“



Слични вести